| четврток, 6 декември 2018 |

Откривање терористички единици: вежба на АРМ

На полигонот „Чојлија“ во организација на Здружената оперативна команда (ЗОК), единиците на АРМ денеска беа дел од методско-нагледна вежба „Здружена операција“

vezba2

Во „Здружена операција“, како што информираат од Генералштабот на АРМ, учествуваа: две механизирани пешадиски чети од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, една тенковска чета Т-72, една артилериско-ракетна батерија „ГРАД“, едно одделение за противвоздушна одбрана од системот „ИГЛА“, еден вод за специјани намени и еден ренџерски вод од составот на полкот за специјални операции, еден вод од баталјонот на Воена полиција, два борбени хеликоптери Ми-24, два транспортни хеликоптери Ми-17, единици за врски, комуникации и за логистичко обезбедување.

vezba1

Според сценариото, на вежбата беше реализирана супозиција за изведување на синхронизирани борбени дејства за брзо и енергично откривање и уништување на диверзантско-терористички групи, како и ефикасно уништување на различни цели, самостојно и во координација со повисоките команди. На „Здружена операција“ учествуваа единици од различни родови и единици на АРМ, кои демонстрираа висок степен на координираност, синергија и борбена моќ на сите борбени системи на бојното поле.

vezba

Началникот на ГШ на АРМ вежбата ја оцени со висока оценка, информираат од ГШ на АРМ, при што тој нагласи дека на неа беше покажан висок степен на борбена готовност, како и подготвеност на единиците од различни формациски состави на АРМ за извршување на сложени тактички задачи на различен терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top