Тимови експерти од Светската здравствена организација почнуваат со посета на родилиштата во државата за да утврдат како функционираат тие во земјава во услови кога се случува многу често бебиња да умираат, пишува весникот Вечер.
Според министерот за здравство Венко Филипче за тоа се задолжени специјални тимови кои ќе одат на терен да го согледаат работењето на родилиштата.
-Тоа ќе ни овозможи да знаеме во која здравствена установа која проблематика може успешно да се третира врз основа на соодветни критериуми. Едно родилиште, за да биде акредитирано соодветно и според светски стандарди, не е доволно да има само гинеколози, туку е потребно да има неонатолози и анестезиолози. Сакаме да направиме организиран и интегриран систем во кој државата таму каде има услови кои ќе го гарантираат квалитетот на здравствената услуга – информира Филипче.
Министерот Филипче веќе во неколку наврати изрази уверување дека со неговите соработници ќе работат напорно за да стават крај на црната статистика на смртност на новороденчиња и на родилки во земјава.
Краткорочни до три месеци и долгорочни до шест месеци се мерките што се планираат за намалување до минимум на смртноста на новороденчињата и родилките во Македонија.
Недостапноста на родилиштата и несоодветната и ненавремена здравствена грижа на родилките е главна причина за нивна смртност, а најголем процент од починатите бебиња е поради нивната мала родилна тежина и предвремено раѓање. Тој најави дека во следните шест месеци ќе бидат спроведени обуки на стручниот кадар за ефикасна грижа на родилките и новороденчињата, како и неонатолошки обуки на педијатрите на секундарно ниво, согласно препораките на СЗО.
Деновиве бевме сведоци на поразителни бројки за смртност на бебињата во земјава од страна на странските, но и домашните статистичари. Така, со стапка на смртност од 8,3 на 1.000 живородени бебиња Македонија се најде на високото второ место во Европа по смртност на новороденчиња, а на 105. место во светот со средна стапка на неонатална смртност. Според овие бројки 1 од 120 живородени бебиња се случува да почине во првите 28 дена од животот, што е стапка двојно повисока од европскиот просек.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст