
Oпштина Центар подготвува заедничка акција со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, за ставање ред во поставување на урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија.
Ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори. Овластениот инспектор на општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или на опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното.
Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување на летни тераси.
Минатата недела беа испратени покани за угостителите на улица „Ленинова“( Аминта Трети), а во наредниот период вакви покани ќе добијат и сите сопственици . По добиената покана, со одобренија, доколку поседуваат треба да дојдат во општина Центар,соопштуваат од оваа општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


