Градоначалничката на Париз, Ана Идалго ја разгледува можноста за воведување бесплатен јавен превоз, со цел да се намали загадувањето на воздухот, но се соочува со огромно несогласување од шефицата на регионалната сообраќајна управа Валери Пекрес, која смета дека таквиот потег ќе им наштети на даночните обврзници.
Идалго го најави таквиот план во рамки на истражувањето за воведување бесплатен превоз на територијата на градот.
Таа истакна дека сите големи светски метрополи се обидуваат да развијат чист сообраќај и да го подобрат квалитетот на воздухот со намалување на бројот на автомобили низ патиштата, а јавниот превоз да стане поатрактивен.
– Со цел да се подобри јавниот сообраќај, не треба само да го направиме поредовен и поудобен, туку и да го смениме системот на наплата и цените, нагласи градоначалничката на Париз.
Претседателката на регионалната сообраќајна управа Пекрес го отфрла таквиот предлог, објаснувајќи дека доколку патниците не плаќаат, тогаш тоа ќе мора да го направат даночните обврзници.
Таа смета дека не е чесно граѓаните на Париз да имаат бесплатен јавен превоз, но не и луѓето кои живеат во предградијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


