
„Здрави заби, здраво детство“, под ова мото најмладите учеа како правилно да ја одржуваат оралната хигиена.
Поликлиниката од општина Студеничани одржа бесплатна обука за оваа проблематика на преку 500 ученици од училишта.
– Мотив за оваа акција беше статистиката која ја изработивме од наши случаи во нашето долгогодишно делување на повеќе локации во нашата општина. За време на нашето долгогодишно делување, дојдовме до заклучок дека кариес индексот кај младата популација е висок и алармантен. Со таа цел во знак на денешниот меѓународен ден на ораллното здравје посетивме неколку училишта. – вели Марина Атанаскоска, стоматолог во Поликлиниката и едукатор во денешната акција.

Едукација за оваа проблематика шанса имаа да слушаат учениците од основните училишта „Климент Охридски“ од Драчево, „Наим Фрашери“ од Студеничани, „Алија Авдовиќ“ од Батинци и „Јахија Кемал“ од Количани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


