| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Пушев законски, во ресторан отворен од три страни

Премиерот Зоран Заев вели дека не го прекршил Законот за заштита од пушењето бидејќи пушел, како што изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК, во ресторан со отворени простори од три страни, коментирајќи ја фотографијата со цигара, објавена денеска на социјалните мрежи.

„Јас сум пушач и прифаќам критика доколку сум направил грешка. За конкретниот случај, станува збор за ресторан во кој пушењето е дозволено имајќи предвид дека има отворени простори од три страни. Апелирам сите да го почитуваме законот, сега тој е прилагоден согласно условите на терасите од објектите“, изјави Заев за СДК.

На фотографијата на која се гледа како Премиерот пуши цигара, се гледа дека просторијата е од две страни зтворена. Како тоа премиерот пуши во просторија со три отворени страни, останува нејасно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top