| четврток, 6 декември 2018 |

Дојде живот за Ременски – закани за тужби против медиуми, кривични за тероризам против оние што протестираат

Демократија, слобода на изразување, слобода за медиумите – ова е она за кое Фросина Ременски и нејзината партија наводно се бореа. Борецот за слобода во медиумите удира по медиумите за секоја критика. Па така и овојпат Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, функционер во МВР и близок соработник на Оливер Спасовски се закануваат со тужби против медиумите кои објавиле информации кои ним не им се допаѓаат.

„Република“ објави дека на фотографиите што се објавени на приватниот Фејсбук на Ременски јавно се прикажани личните податоци и телефонските броеви на луѓе кои не се вршители на јавни функции, а со тоа е нарушена нивната приватност. Притоа  ја запрашавме Дирекцијата за заштита на личните податоци дали и во овој случај ќе постапи како што постапи со нашиот медиум, имајќи предвид дека во нашиот текст беа објавени лини податоци на лица вршители на јавни функции. Казната што ја плати „Република“ е во висина од 1.800 евра за медиумот и 550 евра за директорот, односно казна од 2.350 евра (околу 150.000 денари). Ова е првпат Дирекцијата да изрече глоба за медиум, а „Република“ е казнета за објавување лични податоци (имиња и презимиња, работен ангажман, и паричен надомест) коишто, во најголем дел веќе беа објавени во други медиуми.

Како дошла Ременски до вибер-комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ: Стои ли МВР зад операцијата?

Поставивме и прашање од каде Ременски ги добила овие скриншоти со приватни вибер разговори, посочувајчи дека една од теориите е дека еден од учесниците во комуникацијата направил скриншот и некому го пратил, но, сопругот на Ременски е високо позициониран во МВР, па постои сомнеж и дека се прибавени преку нелегално следење на комуникации од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање. Одговорот од Ременски е – тужба.

Дојде живот за Ременски. Тријат раце, се закануваат и се обидуваат да замолчат.

А се чини за власта на СДСМ стана пракса секому да му се суди за тероризам и да му се закануваат со апсење и обвинение за тероризам. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на својот фејсбук профил објави на некој начин закана дека  оние кои протестираат пред домовите на пратениците од СДСМ кои гласаа за законот за употреба на јазивите „одат по тенка линија на кривични дела поврзани со тероризам“.

За сите кои учествувате во овие благо кажано хајки, да знаете дека одите по тенка линија на кривични дела поврзани со тероризам и дека ниедна патриотска причина не може да биде оправдување и олеснителна околност откако ќе се изврши кривичното дело. Впрочем се кладам дека после првиот посериозен инцидент баш организаторот ќе каже: “кој го прекршил законот, да одговара”.
Звучи познато, а? – напиша Димитриевски на својот фејсбук профил искажувајќи поддршка за Ременски.

Ова е целиот статус на Максим:

– Ако молчиме следниот пат ќе сакаат дома да ни влезат, доста е!
Семејството е основа на секое општество, дом, едукација, темел, модел, сигурност за иднините граѓани на нашата земја. Загрозувањето на семејството со стварање страв и несигурност со цел да се прати политичка порака е по дефиниција акт на тероризам. Фросина (Frosina Remenski) и Јовче (SF SN Remenski) се пред се родители и граѓани чија безбедност, а особено на нивните малолетни деца, не смее да биде загрозена, не зависно кои се нивните професии и какви политички несогласувања имаат со било кого.
Поддршка за семејството Ременски и сите останати семејства кои деновиве организирано од еден центар беа изложени на психолошко малтретирање и материјална штета.
За сите кои учествувате во овие благо кажано хајки, да знаете дека одите по тенка линија на кривични дела поврзани со тероризам и дека ниедна патриотска причина не може да биде оправдување и олеснителна околност откако ќе се изврши кривичното дело. Впрочем се кладам дека после првиот посериозен инцидент баш организаторот ќе каже: “кој го прекршил законот, да одговара”.
Звучи познато, а?

Секако ова се најде и на профилот на сопругот на Ременски, кој воедно се заканува со тужби против медиуми и  кривични против оние кои протестираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top