Последниот мажјак од северниот бел носорог е успиен, соопшти кениската природна служба која се грижела за него. Тој зад себе остава две женки од истиот подвид носорог, соопштуваат експертите откако одлучиле да го успијат животното старо 45 години поради забрзано влошување на неговата здравствена состојба.
Носорог Судан бил лечен од компликации на мускулите и коските предизвикани од староста, поради кои имал и големи рани на кожата. Тој всушност воопшто не бил подвижен од крајот на февруари поради големите рани на десната нога.
– Неговата состојба многу се влоши во последните 24 часа. Не можеше да стои и многу патеше, се наведува во соопштението и се додава дека ветеринарскиот дим донел одлука животното да биде успиено.
Носорогот претходно живеел во зоолошка градина во Чешката Република, а потоа е префрлен во резерват одалечен 250 километри северно од Најроби, каде живеел со последните две женки од овој вид, 27 годишната „Наџин“ и 17-годишната „Фату“.
Сите обиди да се парат носорозите по природен пат пропаднале, а експертите организирале акција за собирање девет милиони долари за финансирање проект за лекување неплодност. Вонтелесното зачнување е последната надеж за опстанок на овој животински вид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст