Волстрит понеделникот го заврши во минуси, под влијание од падот на акциите на „Фејсбук“ поради откривањето на манипулацијата со личните податоци на оваа друштвена мрежа.
Тоа на берзата во Њујорк го погоди целиот сектор технологија, јавуваат новинските агенции.
По завршните резултати, водечкиот индекс, „Dow Jones“, загубил 1,35 oтсто, или 335,6 поени, достигнувајќи 24.610,91 поени.
„Nasdaq“, индексот на повеќето технолошки компании, падна за 1,84 отсто, или 137,74 поени, на 7.344,24 поени.
Поширокиот индекс „S&P 500“ забележа пад за 1,42 проценти, или 39,09 поени, нa 2.712,92 поени.
Акцијата на „Фејсбук“ во понеделникот загуби 6,77 посто од својата вредност и се намали на 172,56 долари, па од почетокот на овој месец загуби повеќе од 10 отсто.
Се откри дека личните податоци на милиони корисници ги користела една компанија поврзана со претседателската кампања на Доналд Трамп, што може да го загрози економскиот модел на „Фејсбук“.
„Резултатот е отворање на дебата за собирањето и користењето на податоциите воопшто“, вели Шон Круз.
„Денеска „Фејсбук“ е во сред бура, но нема сомневање дека оваа дебата ќе влијае на другите гиганти од технологијата кои користат приватни податоци, особено ако ги имаме во предвид промените во прописите“, рече тој.
Технолошкиот сектор во целина е погоден, па акциите на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“ паднаа за 3,03 посто, а на „Aмазон“ за 1,70 проценти.
Tехнолошките акции групирани во рамките на „S&P 500“ изгубиле 2,11 oтсто, што е далеку најголемиот пад меѓу 11-те сектори кои го сочинуваат овој индекс.
Трговците на Волстрит во понеделникот заземаа став и пред дводневниот состанок на „ФЕД“, за време на кој се очекува зголемување на каматните стапки.
„ФЕД“ може да ја подигне и прогнозата за раст, инфлација и просечните изгледи за пораст на каматните стапки оваа година.
Пазарот на обврзници во понеделникот беше мирен: приносот на десетгодишните државни обврзници на САД пораснаа малку од 2,845 oтсто во петокот на 2,852 посто во понеделникот, а обврзницата на 30 години од 3,077 проценти на крајот на минатата седмица на 3,090 oтсто во понеделникот.
„АП“ пренесува дека американската сурова нафта поевтини за 28 центи, на 62,06 долари за барел во Њујорк. Нафтата од типот „Брент“ која се користи за утврдување на меѓународните цени, поевтини во Лондон за 16 центи, на 66,05 долари за барел.
Златото поскапе за 5,50 долари, нa 1.317,80 зa унца. Цената на среброто се зголеми за 5 центи, на 16,33 долари за унца. Бакарот поевтини за два центи, на 3,08 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст