Белата куќа „не е изненадена од резултатот” од претседателските избори во Русија, што му овозможија на Владимир Путин уште шестгодишен мандат.
Портпаролот Хуган Гидли соопшти дека се уште не е закажан телефонски разговор со цел американскиот претседател Доналд Трамп да му честита на резиборот на својот руски колега.
На прашањето дали Белата куќа цени дека изборите во Русија биле слободни и фер, портпаролот кусо одговори: „Не сме изненадени од резултатот од изборите“.
– Ќе работиме на култивирање на односите со Русија, и ќе спроведуваме казнени мерки кога Русија ќе се закани на нашите интереси. Сепак, ќе бараме области да работиме заедно кога тоа ќе служи на нашите интереси, појасни Гидли.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопшти дека на вчерашните избори во Русија „немало вистински избор“. – Избор без вистинска конкуренција, која овде ја видовме, не е вистински избор, се посочува во соопштението на ОБСЕ.
По забелешките на ОБСЕ, реагираше и Европската Унија.
– Изборите беа спроведени во високо контролирана правна и политичка средина, проследена со продолжен притисок врз критичните гласови. Очекуваме Русија да се позанимава со корекција на овие прекршувања и пропусти, за кои сигнализира мисијата на ОБСЕ, се вели во соопштението на ЕУ.
Унија упати критика и за тоа дека во претседателските избори бил вклучен и Крим, „чија анексија“ не ја признава.
Изостанувањето на честитка од американскиот претседател Доналд Трамп по повод изборната победа на неговиот руски колега Владимир Путин не е непријателски чекор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– На тоа не треба да се гледа како на непријателски чекор. Путин останува отворен за нормализација на односите со американските партнери онаму каде има интерес и каде е важно. Претседателот доби многу честитки од странски лидери. Некои можеби не можеле телефонски да се јават поради згуснатиот распоред, а некои од други причини, истакна Песков. – „Утрото е попаметно од вечерта“ вели старата поговорка, додаде Песков.
Портпаролот на Стејт департментот Хуган Гидли синоќа соопшти дека се уште не е закажан телефонски разговор меќу Трамп и Путин со цел американскиот претседател да му честита на резиборот на својот руски колега.
На прашањето дали Белата куќа смета дека изборите во Русија биле слободни и фер, портпаролот кусо одговори: „Не сме изненадени од резултатот од изборите“.
– Ќе работиме на култивирање на односите со Русија, и ќе спроведуваме казнени мерки кога Русија ќе се закани на нашите интереси. Сепак, ќе бараме области да работиме заедно кога тоа ќе служи на нашите интереси, појасни Гидли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст