| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогоза од УХМР

Повремени врнежи од дожд, а на планините снег, најавува за утре УХМР. Повеќе врнежи ќе има во северозападна Македонија каде локално ќе наврнат над 15 л/м 2.

Од четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м 2.

Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top