| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот РТЛ и понудил на Северина 25.000 евра за филм

Популарната балканска пејачка Северина Којиќ неодамна добила неверојатна понуда од германската телевизија РТЛ со која таа ќе заработи неверојатни 25.000 евра за 5 дена. Имено, Германците сакале да направат документарец во кој ќе покажат како изгледа животот на една од најголемите ѕвезди на Балканот.

Дневницата на Северина би била 5.000 евра на ден, што значи дека за 5 дена за снимањето на филмот ќе добие 25.000 евра, а ако овој проект се реализира, гледачите ќе можат да ја видат Севе во нејзиното секојдневие, во приватниот и деловниот живот.

Со ова Северина ќе добие и добра реклама и можен пробив на европскиот пазар. филмот треба да се сними во првата половина на мај, а ќе се емитува во почетокот на летото, објавија хрватските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top