| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка: Оставка на министерка поради објава на Фејсбук

Норвешката министерка за правда, Силви Листауг поднела оставка поради објава на фејсбук.

Имено, таа напишала дека опозициската Лабуристичка партија повеќе е заинтересирана за заштитата на правата на терористите отколку на норвешкиот народ.

Тоа е многу чувствителна тема за лабористите, бидејќи се уште се свежи раните од нападот на ултрадесничарот Андрес Брејвик во 2011 година, кога пукаше врз подмладокот на Лабуристичката партија на островот Утоја, усмртувајќи 69 лица.

Листауг, откако предизвика гнев во почетокот на март поради својата објава, ја избриша спорната изјава на Фејсбук и се извини, пренесе „АП“.

Опозициските партии истакнаа дека таа не е искрена и оти треба да поднесе оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top