Аргентинскиот дефанзивец Маркос Рохо поголемиот дел од оваа сезона е во аут и не успева да крене глава од повреди. Сепак и покрај тоа пред некој ден му беше продолжен договорот со Манчестер Јунајтед до 2021 година.
Жозе Мурињо очигледно има доверба во Аргентинецот, а деновиве стана интересен за јавноста и поради своите изјави за неговиот нов соиграч.
Рохо откри интересна анегдота поврзана за Сер Алекс Фергусон, а сега во ексклузивното интервју за „Тик Спортс“ обелодени дека воопшто не бил среќен кога првпат дознал дека Алексис Санчез ќе му се приклучи во тимот.
– Алексис е одличен играч, но ние не бевме навикнати да браниме ист тим. Секој пат кога се сретнувавме еден против друг, без разлика дали станува збор за репрезентативно ниво или на натпреварите меѓу Јунајтед и Арсенал, јас му давав добар ќотек, а тој ми враќаше со иста мера. Покрај тоа, јас често знаев да го навредувам, а тој ми возвраќаше со убави зборови. Затоа, кога дознав дека тој ќе дојде во Јунајтед, си реков „е..но НЕ, овој човек ќе биде покрај мене“. Кога го дознав тоа од Мурињо, ние бевме во Дубаи. Удобно си седев во столот и гледав филм, а тогаш дојде Мурињо и ме потапка по рамото со следните зборови: Ќе го купиме Алексис, не сакам да го уништиш на првиот тренинг, открива Рохо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст