До несреќата дошло кога околу 9 часот наутро на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на „ИГМ Вратница“ , товарно моторно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 21-годишниот С.Ш., загубило контрола, удрило во карпа и се превртело.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, при што бил веднаш пренесен на скопските клиники.
Првично, причина за несреќата е неприспособена брзина со која возел тетовецот.
Материјалната штета се проценува на околу 50.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.