Во Москва денеска попладне се очекува да пристигнат 23-цата руски дипломати, кои беа протерани од Велика Британија поради спорот што настапа по труењето на поранешниот двоен шпион Сегеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсбери, за што Лондон ја обвини Русија.
Русија возврати со иста мерка и нареди протерување на 23 британски дипломати, кои треба деновиве да ја напуштат Москва.
Русија ја негира вмешаноста во труењето со нервен гас на Скрипал и неговата ќерка, кои и натаму се во критична состојба.
ЕУ изрази солидарност со британската премиерка Тереза Меј и ја повика Москва „итно да се позанимава“ со барањето на Велика Британија во врска со програмата за нервниот гас „новичок“ со кој беше затруен Скрипал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст