Емина Јаховиќ се огласи денеска на Инстаграм сакајќи да ја открие вистината за нејзиниот развод и се што последниве недели се пишува за неа.
-Драги мои, сите мои фанови и сите кои ме сакате и поддржувате во овие тешки мигови, сакам да ви кажам дека сите шпекулации на моја сметка, моето одење во Пазар и моето преселување таму не се точни ниту вистинити. Својот живот ќе го продолжам во Истанбул поради школувањето на моите деца и поради животот на кој навикнав, а во Белград и во Нови Пазар ќе одам поради приватни и деловни причини.
За жал, јас не можам да ги запрам сите шпекулации и лаги за мене, сето тоа ги полни и ги продава весниците. Поради нашите деца гледаме се да помине во најдобар ред и се ќе биде како и порано.
Во оваа прилика сакам да ве поздравам, да ви кажам дека ве сакам и да најавам многу брзо два нови синглови кои ќе бидат продолжение на она што го направивме со албумот „Даље“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст