| четврток, 6 декември 2018 |

Правела селфи, се лизнала и паднала во провалија

Педесет и три годишна туристка од Јужна Кореја која со својата група правела обиколка на Плитвичките езера во Хрватска, на незаграден дел од стазата се лизнала и паднала во провалија длабока 70 метри.

Веднаш била префрлена во карловачката болница, но од тежината на повредите набрзо починала.

Неофицијално пишуваат хрватските медиуми, се лизнала додека правела селфи фотографија.

Во овој национален парк досега поради селфи фотографии смртно настрадале 6 лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top