Ваков закон каков што се донесе на целата на територија во сите органи на сите нивоа, каде што има нула Албанци како што се Кавадарци, Тиквешијата или источна Македонија, тоа не е унапредување на правата на употребата на мајчин јазик на Албанците бидејќи таму нема Албанци, изјави пратеникот Панче Минов од ГРОМ во „Топ Тема“ на Телма Телевизија.
Минов потенцираше дека никогаш правата и слободите на Албанците не биле загрозени од страна на Македонците и дека ниту неговата партија ГРОМ ниту коалицијата „За подобра Македонија“ не се против унапредување и усовршување на употребата и остварување на албанскиот мајчин јазик.
– Многу е битно да се потенцира дека текстот на тие права и слободи на Албанците односно албанската заедница кои што живеат во Република Македонија по уставната формулација како категорија од страна на мнозинската национална заедница Македонците ни во еден дел, ако сакате и во партијата во која што припаѓам ГРОМ и коалицијата во која што припаѓам „За подобра Македонија“ и во пратеничката група и во огромен дел на граѓанство не се против унапредување и усовршување на употребата и остварување на албанскиот мајчин јазик, вели Минов.
Во врска со тоа што е уставно во законот, а што не е, тој истакна дека дел од неуставноста на овој закон е тоа што со просто мнозинство од 61 пратеник се донесуваат измени на закони кои регулираат проблематика системски карактер и се носат со двотретинско мнозинство.
– Овој закон нема да ја доживее имплементацијата на спроведување во праксата затоа што не одговара на вистинските интереси и на Македонци, а и на Албанците, бидејќи на Албанците многу други работи им се поважни, нагласи Панче Минов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст