Последниот мажјак од видот северен бел носорог, легендарниот Судан, почина по неколкумесечно боледување, соопштија неговите негуватели.
Судан (45) живееше во резерватот Ol Pejeta во Кенија. Вчера бил евтанизиран откако здравствената состојба неповратно му се влошила како резултат на компликации од старост.
Тој зад себе ги остави ќерката и внуката кои сега се единствените претставници на овој подвид носорози на светот.
Надежите за продолжување на видот северен бел носорог сега се положени во техниките за ин витро оплодување.
Обидите да се употреби Судан за да се продолжи неговиот вид стигнаа до таму што на Судан му беше отворен профил на Tinder, не за да му најдат девојка, туку за да се собираат средства за ин витро оплодување за носорози. Судан стана познат ширум светот и милиони обожаватели праќаа помош за оптанокот на неговиот вид.
Вчера бил земен генетски материјал од Судан пред да биде успиен, за да се продолжат напорите за размножување на неговиот вид преку напредни клеточни технологии.
Судан, кој имаше 90 човечки години кога почина, боледуваше од дегенеративна болест на мускулите и коските и имаше рани на кожата.
Не можеше да се исправи и да стои на нозе и многу страдал во последните 24 часа од неговиот живот, поради што негувателите решиле да го успијат.
Судан имаше легендарна животна приказна. Во 70-тите го спаси неговиот вид од изумирање во дивината кога беше преместен во зоолошката градина Dvůr Králové Zoo. Тој успешно се спари и има две ќерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст