При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загина возачот М.Б., објави порталот Делчево 365.
Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за извртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото. По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година.
Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејќи товарот кој го носела бил лесно запаллив и можеле да настанат посериозни последици. На лице место на настанот излегла и екипа на ПО од ОН Делчево која допрва ќе утврдува дали имало и други причини за настаната сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


