
Албанскиот прволигаш Скендербег е казнет со десетгодишна забрана за настапи во европските натпреварувања, што е рекордна суспензија изречена од УЕФА, а сега се крчка нова истрага во која во вртлогот на наместени мечеви може да влезе и Динамо Загреб.
Во прашање е двомечот од 2015 година, што Динамо го доби со вкупен резултат од 6-2. Спорен е реваншот, а осомничени се двајца играчи на Скендербег, Арапи и Шехиу, кои како што вели истрагата, намерно се труделе гостите од Албанија да примат гол при негатива од 1-3 во реваншот.
Сомнително за истражителите на УЕФА се огромните уплати во обложувалниците на играта следен гол. Динамо во тие моменти играше со фудбалер помалку, но огромни суми на пари се вложени дека „модрите“ ќе го постигнат следниот гол, што и се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


