| четврток, 6 декември 2018 |

Ширер за засилувањето на Јунајтед: Изгледа како да потпишале со неговиот брат близнак, тој е загубено дете на теренот

Алексис Санчез се наоѓа во еден од потешките периоди од својата фудбалска кариера. Откако зимово потпиша за Манчестер Јунајтед, тој не може да ја пронајде својата препознатлива форма и има лош почеток во својот нов клуб.

Недовербата кај Чилеанецот доаѓа по шокантната елиминација на „црвените ѓаволи“ од Севилја во Лигата на шампионите (ЛШ), која сигурно ќе остави црна дамка на тековната сезона, но и слабите партии во Премиер лигата.

Легендата на Њукасл, Алан Ширер, кажа реченица која добро го опишува периодот на Санчез како член на Јунајтед.

– Го потпишаа Алексис Санчез, а го добија неговиот брат близнак. На теренот изгледа како загубено дете“.

Спас на сезоната, тимот на Жозе Мурињо гледа во ФА Купот, во кој вчера обезбеди пласман во полуфиналето со победата над Брајтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top