| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на средби со граѓани во Струмица и Босилово: Ќе го слушнеме гласот на народот (фото)

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повторно беше на терен во Струмица и Босилово каде оствари средби со граѓаните.

– Мојата задача и на мојот тим е преку ваквите посети да го слушнеме гласот на народот, да размениме мислења, кои за мене, но и за ВМРО – ДПМНЕ се корисни, особено во овој период кога отпочнуваме со создавање на програма која ќе понуди квалитетни решенија и ќе биде вистинска алтернатива, наспроти хаосот кој го живее Македонскиот граѓанин, а креиран од оваа неспособна влада. Македонската економија е зафатена од вистинско цунами кое се нарекува Зоран Заев и што порано се порази, тоа ќе биде подобро за сите кои сакаат подобра иднина, затоа што Македонија заслужува подобро, истакна Мицкоски во Босилово.

Тој денеска во посети и 5-от Месен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица. Таму со големиот број на граѓани се разговарало за актуелната состојба и за случувањата околу законот за јазици и повеќе други актуелни предизвици.

– Испратив порака дека е навистина некоректно што денес премиерот Заев ги вмеша и децата во политиката. Оваа негова изјава е обид да се внесат емоции и ниски страсти, начин на комуникација кој не го одобрувам, затоа што не е моја одлика. Очигледно занесен во својата моќ или подобро кажано немоќ, Заев сака да го забрани и правото на протест.

– Да ги остави децата надвор од политиката и да не ги користи како жив ѕид меѓу неговиот личен срам, концесија и погрешни одлуки и народот од другата страна. Информациите дека се спрема полициски притисок врз оние кои протестираат и се незадоволни е само уште еден показател за недостатокот на демократски капацитет на власта и аларм дека оваа влада мора да си оди што побрзо, истакнал претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top