ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека насилничкото носење на неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност носи ризик по државата и може да предизвика дополнителни тензии. ВМРО – ДПМНЕ апелираше за опасноста и чувствителноста на моментот. Нашите апели за жал беа игнорирани од владејачкото мнозинство, кое одлучи да оди спротивно на препораките на Претседателот на државата и експертската јавност, се вели во соопштението на партијата кое го пренесуваме во целост:
– СДСМ одлучи да се коцка само заради зачувување на поддршката на нивната влада. СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби. СДСМ ги погази Уставот и законите и ги стави во сенка на коалицискиот договор со ДУИ.
– ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата од претставници на СДСМ дека е организатор на протестите пред домовите на пратениците од СДСМ. Со ваквите конструкции СДСМ повторно се обидува да направи дефокус од антидржавните политики кои ги реализираат. ВМРО-ДПМНЕ не оправдува било какво насилство, без разлика што ваквата пракса на насилство ја наметна токму СДСМ, кои лично и преку таканаречената шарена револуција оштетуваа државен имот низ центарот на Скопје, протестираа пред домови на политичари и вербално ги напаѓаа на јавни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст