| четврток, 6 декември 2018 |

Викендичката на Петар Ристески изгоре до темел: Немам непријатели, се сомневам дека пожарот е подметнат од политички причини

Синоќа околу 22.30 часот до темел изгоре викендичката на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески, која се наоѓа во месноста Кула во близина на селото Волково. Ристески денеска истакна дека досега немал никакви закани, немал непријатели, но се сомнева дека пожарот бил подметнат од политички причини, јавува Сител. Сомнеж дека пожарот бил подметнат му давало и тоа што во објектот немало ниту струја, ниту други грејни уреди.

– Немам непријатели, никој не ми се заканил, неможам да го посочам прстот во никого, единствено што ми паѓа на памет во овој момент е дека е политичко мотивирано. Аргумент плус е и тоа што во два наврати претходно мојата куќа беше цел на напади, во моментите кога СДСМ објави дека формира Влада, вечерта мојата куќа беше нападната од хулигании, припадници, членови на СДСМ. Истото се случи и вечерта после локалните избори на 15 октомври вечерта, Петар Ристески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top