| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Иванов е единствениот кој во моментов работи според Устав, затоа е трн во око на неговите противници

Ѓорѓе Иванов е единствениот во овој момент кој работи според Уставот, според законот и во интересот на граѓаните на Република Македонија како унитарна држава и мислам дека токму тоа е трнот во око на неговите политички противници, истакна Тони Михајловски во емисијата Алфаскоп.

Михајловски додаде дека власта по секоја цена пробува да го прогласи претседателот Иванов за човек кој е против законот. Тој се повика на Алински, за пример како да се обезвредни кариерата на една личност.

– Господинот Алински рече се фаќа една личност, се таргетира, се уништува, се зборува лошо за него, се дискридитира, неговата кариера се става на тапет и неговото влијание кај народот биде што помало, за да се обезвредни човекот, истакна Михајловски.

Исто така Михајловски додаде дека СДСМ со своите погубни политики за овие 11 месеци има направено огромна штета на Македонија за која не се памети во овие 27 години постоење на државата.

– СДСМ има направено толку лошо за овие 11 месеци што мислам дека во 27 години наназад не се случило. Значи погубна политика каде и да се свртите. Во економијата, националните интереси, во културата, задолжувањата кои од ден на ден ги слушаме, надворешната политика која мислам дека не личи на ништо, дека тоа е некоја аморфна маса која не знае каде се движи и која е нејзината идеја и Законот за јазици. Погубните политики на СДС не се тоа новитет. Промена на знаме, промена на референца, територијална поделба. Тоа за мене се некои предвесници што ова ни се случува истакна Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top