| четврток, 6 декември 2018 |

Забраната за дотур на стока до 18 часот ќе важи цела година

Забраната за дотур на стока во центарот на Скопје до 18 часот ќе важи цела година.

Град Скопје во јануари ја воведе забраната за дотур на стока од 7.30 до 18 часот, која требаше да важи до 31 март, како една од мерките за намалувањето на загадувањето на воздухот.

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов не денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлуката со која возилата и камионите на дистрибутивните компании од 7.30 до 18 часот нема да смеат да ја истовараат стоката застанувајќи на улица и тротоари. Камионите ќе можат да се движат низ центарот да градот, но да се паркираат на паркинзи. Оваа забрана не се однесува за фирми кои имаат обезбеден простор за дотур на стока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top