| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник од Велес со нож ограбил 11- годишно дете

Единаесетгодишно момче од населбата Градско, движејќи се кон Автобуската станица „Велес“, било пресретнато од непознат малолетник кој му се заканил со нож и му го побарал мобилниот телефон.

Според портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, откако му го дало телефонот на разбојникот, преплашеното момче со трчање избегало кон автобуската станица.

Настанот се случил во петокот вечерта околу 17 часот.

– Вечерта околу 21.00 часот со брза интервенција на вработените полициски службеници од СВР Велес, телефонот е пронајден кај К.Ѓ. (33) од Велес и е вратен на сопственикот, информира Додевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top