Според евроамбасадорот Семуел Жбогар, преговорите кои се водат со јужниот сосед и спорот околу името на Република Македонија одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажираат директно врз тој процес.
Со овој став, Жбогар одговори на новинарско прашање во врска со евентуална промена на форматот на преговорите и вклучување на европската дипломатија.
– Преговорите за прашањето со името под покровителство на ОН, течат добро. Сметам дека тие во овој формат треба и да продолжат. Такашто не очекувам дека промената на форматот на преговорите ќе придонесе кон постигнување на договор и решение за прашањето со името. Сметам дека таа одлука, односно решение треба да ја донесат двете инволвирани страни. Во моментов и двете страни се одлучни тоа да го направат. Европската унија е тука да го поддржи процесот и да ги охрабри двете страни да дојдат што поскоро до конечното решение, рече Семуел Жбогар, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија на прес конференцијата по посетата на Гостивар.
Тој ја повтори и изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер при последната посета на Македонија, дека ставот на ЕУ е да не се ангажира во преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст