| четврток, 6 декември 2018 |

Вања Пушкар ќе го модернизира традиционалниот македонски рецепт

Едно необично гурманско случување ќе биде дел од Скопската готвачка сцена, предизвикувајќи го креатотрот на проектот „Нова балканска кујна“ (New Balkan Cuisine) – Вања Пушкар, основач и главен готвач во ресторанот „Ирис“ во Белград.

Идејата на овој необичен настан е создавање на модерен призвук на еден традиционален македонски рецепт заедно со сите гурмани, готвачи аматери, па дури и со оние професионални готвачки виртуози кои потекнуваат од Македонија.

Овој предизвик е одлична можност за гурманите директно да се стекнат со искуство од професионален готвач, чија филозофија вели „Кога ги знаете произведувачите на вашите состојки вие сте во позиција да ја пренесете енергијата и љубовта на чинијата до конечниот консумент“.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од ова кулинарско шоу, единствено што треба да направат е да го пријават својот рецепт со фотографија најдоцна до 21.март 2018 година.

Трите најдобри и најкреативни рецепти ќе добијат ваучери за вечерата New Balkan Cuisine на 24. март во Јавна соба, а воедно на лице место ќе имаат можност на 25. март од 12:00 ч. да работат заедно со Вања Пушкар на осовременување на своите рецепти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top