| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Крушево почна да се грижи за сексуалниот живот на жените од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Општина Крушево ги измеша правата и слободната љубов… Го пика носот онаму каде што не му е место, обидувајќи се да го оправда носењето на Законот за употреба на јазиците, со кој Македонија станува двојазична земја. Тој на својот фејсбук профил објави статус за приватниот живот на активистка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи кога и каде седела со својот љубовник, кој, како што пишува, бил Албанец.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево реагираа на овој пост:

Дали Томе Христоски преминува во манијак?!
Недоличното и несовесно однесување, на градоначалникот на Општина Крушево, достигна комлуминација.
Избрка од работа жена активистка, жена симпатизерка на ВМРО ДПМНЕ, уцени неколку млади девојки за работа но, не го задоволи своето его. Тој , почна и да ги следи, да ги манијачи и да се грижи за нивниот сексуален живот. Градоначалникот среди се друго, па му остана уште ноќе по колите низ шумите да запишува регистрации од коли, да проверува дали се во сопственост на Македонци, Албанци или Турци и да ги омаловажува жените, судејќи за нивниот љубовен живот! Градоначалниче се исмејувате, ги омаловажувате според вас ПАТРИОТКИТЕ.
Измешавте се градоначалниче и жени и керки и внуки и човечко и нечовечко, ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ ГО СПОРЕДИВТЕ СО СЕКСУАЛЕН ЧИН!!
И ДА ПРОТЕСТИТЕ #ЗАЗАЕДНИЧКАМАКЕДОНИЈА ТОЧНО ПОРАДИ ОВОЈ ЗАКОН , ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА СЕ ОДРЖУВАА ВО 40-ТИНА ОПШТИНИ!
На протести кои не беше организатор ВМРО ДПМНЕ!

СРАМ ДА ВИ Е!
СРАМ ЗА ОПШТИНАТА!!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top