Пејачката Бијонсе (36) и раперот Џеј Зи (48) го однеле своето најстаро дете, ќерката Блу Ајви (6) на добротворна аукција на уметнички дела во театарот „Вако центар“ во Лос Анџелес.
Двојката и ја препуштила плочката за понуди, а нивната ќерка брзо се соживеала со купувањето па понудила 19.000 долари за портретот на актерот Сидни Поатје (91).
– Блу даде понуда. Сакаш да одиш до 19 – го прашала девојчето водителката на аукцијата, адвокатката и ТВ-водителка Стар Џонс. Блу Ајви потврдила и возбудено се смеела како и нејзината мајка Бијонсе. Џеј Зи се обидел да изгледа среќно откако се шокирал па прво се трудел да и ја спушти раката на ќерка си.
Корисниците на социјалните мрежи набрзо се „нафрлиле“ на раперот и почнале да се шегуваат на негова сметка.
-Џеј Зи гледа во ќерка си и ја прашува дали има пари за уметност“, напишал еден корисник. Друг истакнал дека раперот гледа во ќерката мислејќи дека „ова повеќе не е слатко“ и додал дека не е среќен со нејзината понуда па сега плаче во сиромаштија.
Blue Ivy out here bidding $19,000 for art. *cries in poorness* pic.twitter.com/SBoYL57Upq
— Proto (@The__Prototype) March 18, 2018
Сликата, на крај, дома ја однел актерот Тајлер Пери кој понудил 20.000 долари. Сепак, Блу Ајви купила друга слика за 10.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст