Во периодот од 23:30 часот на 17-ти март до 06:00 часот на 18-ти, непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на ЕВН Македонија, во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга.
– Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст