| четврток, 6 декември 2018 |

Сајтот на Собранието стана двојазичен (Фото)

Сајтот на македонското Собрание стана двојазичен. Делот каде што се објавуваат информации за собраниската агенда односно за тоа кога и каде ќе се одржат седниците на работните тела но и на пленумот од денеска оди на два јазика. Информациите прво се на албански а потоа на македонски јазик.

Инаку македонскиот законодавен дом уште одамна има веб сајт кој покрај македонската има и албанска но и англиска и француска верзија, па останува нејасно, зошто токму на македонската верзија се воведуваат двојазични најави.

прес24.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top