Шесеет и седумгодишен гевгеличанец вчера е пронајден починат во село Хума, Гевгелиско.
Како што соопшти МВР, во Полициска станица Гевгелија, М.Д. (65) од Гевгелија вчера пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот, додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“ во село Хума-гевгелиско го забележале починато лице.
– На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил С.П.(67) од Гевгелија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт, наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.