Претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј, на неговиот профил на „Твитер“ објави дека Советот денеска одлучил да почне преговори за пристапување на Србија во ЕУ.

– Евопскиот совет денеска одлучи да почне преговори со Србија за пристапување во ЕУ – напиша Ван Ромпуј.
РТС јавува дека бил исфрлен заклучокот дека Европскиот совет треба до декември да одобри преговарачка рамка.
Косово и нормализацијата на односите ќе бидат услов, но суштинските преговори формално почнуваат во јануари на меѓувладина конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


