Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда повторно ќе има врнежи, особено во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст