| четврток, 6 декември 2018 |

Со пресврт во второто полувреме, Виљареал го совлада Атлетико Мадрид

Екипата на Виљареал приреди вистинско изненадување и со пресврт во второто полувреме го совлада Атлетико Мадрид за конечни 2-1.

Фаворитот на хартија отвори рано во првото полувреме со погодокот на Гриезман од пенал, а резултатот остана ист до последните 10 минути од мечот. За изненадувањето се погрижи адутот на Виљареал од клупата, младиот Турчин Унал, кој ги постигна двата гола за „жолтата подморница“.

Финишот беше тензичен, па гостите од Мадрид го завршија мечот со десет фудбалери по црвениот картон што го заработи Витоло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top