Еден патник е тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 13.30 часот на крстосницата од булеварите
Партизански одреди и Климент Охридски во центарот на Скопје, во непосредна близина на Соборниот храм.
Во несреќата учествуваа две возила, „Хјундаи“ и „Застава 128“, и двете со скопски регистарски таблички.
Повредениот веднаш е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Полициски екипи се на терен и вршат увид. Причините за несреќата дополнително ќе бидат утврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


