| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска ограбен наплатен пункт на ЕВН: Крадецот го земал целиот сеф

Тешка кражба е извршена ноќеска во периодот помеѓу 23 и 6 часот утрово, во наплатен пункт на ЕВН во трговски комплекс на Кеј 8-ми Септември во Струга.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во кражбата е одземен сеф од наплатниот пункт. Засега не се соопштува вредноста на сефот и што се’ имало во него.

На местото на настанот извршен е увид и се работи на расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top