Семејната куќа на македонци во Канада, три дена е место на злосторот кое го истражува полицијата. 39 годишната Красимира Пејчиновска и нејзините две деца Рој и Веналија се мртви. Партнерот на мајката кој бил десет години помлад, е единствениот осомничен за трикратното убиство.
Тој е уапсен ден по убиствата. Кори Фен не бил татко на 15 годишниот Рој и неговата 13 годишна сестра, вели полицијата во Онтарио. Се истражува како Фен ги извршил убиствата.
„Телата на жртвите се однесени на обдукција и потоа ќе имаме информации за начинот на кој се убиени“ – изјави полицијата.
„Красимира беше прекрасна личност и сакана од околината. Тој и го контролираше мобилниот, пријателите. Во вторникот беше решена да му раскине“ – вели колешка на Красимира.
Пријателките на Пејчиновска сведочат дека нејзината врска со Фен се распаѓала и таа сакала да стави крај. Но, тој не сакал да се разделат и почнал да и се заканува.
Излегувањето од дома ја спасило едната близначка, која за време на злочинот не била во куќата. Таа сега ќе живее со нејзиниот татко. За него се знае дека е по потекло од Македонија и дека со Красимира, која била родена во Бугарија, биле разделени долго време. Најблиските веќе собираат донации за семејството. Преку интернет сајт, се донирани повеќе од 50 000 долари. Со нив ќе се платат терапии за преживеаната сестра, школување, а таткото извесно време нема да оди на работа. Соседите и пријателите на Пејчиновски се уште се во шок.
„Мојата ќерка не е добра, тажна е тие беа најдобри пријателки со Веналија.“ – вели татко на другарка на Веналија.
„Рој беше навистина прекрасен, добро момче, имаше одлични оценки, беше како ангел.“ – вели другар на Рој.
Македонското министерство за надворешни нема детали околу овој случај. Како што пренесуваат американските медиуми, мајката десет години работела во спа центар. Нејзиниот син Рој бил талентиран хокеј играч и вистинска ѕвезда меѓу неговите врсници. Овој случај се води како домашно насилство, а медиумите веќе анализираат како општеството има превентивна улога во овој вид на насилства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст