Над 90 фалсификувани банкноти се откриени во првите три месеци од годинава, покажува статистиката на МВР, објави ТВ Сител.
Според анализата, домашниот денар е најлесен за фалсификување, но во платниот промет се пронајдени уште пет странски валути.. Банкнотата во апоен од 500 денари е сеуште најчесто фалсификувана.. Од почетокот на годинава, полицијата регистрирала дури 46 банкноти.. Еврото е следно на листата најфалсификувана валута.. Во земјава по изминати три месеци од годината се пронајдени вкупно 26 банкноти, 14 во апоен од 100 и 12 банкноти од по 50 евра.
Статистиките кои од МВР ги откриваат за Сител откриват дека нема банкнота од домашната валута која не се фалсификува.. Иако најнова и со зголемена безбедносна заштита, во платниот промет се пронајдени и лажни банкноти од 2.000 денари..
Од странските платежни средства, во земјава се откриени фалсификувани американски и австралиски долари, швајцарски франци но и данска круна.. Во првото тримесечје се регистрирани вкупно девет..
Од МВР информираат дека во нивната евиденција за месеците јануари и февруари се регистрирани вкупно пет кривични дела фалсификување пари за што се пријавени двајца сторители..
Инаку според статистиката на полицијата, годишно во земјава се откриваат над илјада фалсификувани банкноти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст