| четврток, 6 декември 2018 |

Глава, па нозе долги 108 сантиметри (Фото)

Швеѓанката Ула Естергрен може да се пофали со успешна кариера на манекенка и бодибилдерка, но и со прилично долги нозе, поточно – 108 сантиметри.

Благодарејќи на тој нејзин атрибут, таа има илјадници следачи на Инстаграм. Ула на своите профили на друштвените мрежи постојано открива детали од нејзиниот живот, најмногу од тренинзите и скапите вечерни излегувања. Но, во фокусот, покрај убаво обликуваното тело, се нејзините нозе – дамите и завидуваат, а мажите постојано и праќаат комплименти.

Иако денес, според многумина, претставува поим за речиси совршен изглед, Ула во интервју за Спутник вели дека нејзиниот живот е многу променет, оти во детството тој „необичен“ изглед бил повод за исмевање од некои нејзини врсници.

Во 2013 таа почнала редовно да се занимава со спорт, што придонело да го обликува своето тело до совршенство. На тренинзите го запознала и својот сегашен сопруг Торбјорна Естергрен, со кој имаат две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top