| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп: Стотина наставнички и воспитувачки останаа без работа

Осумдесет наставнички и шеснаесет воспитувачки од детските градинки во Прилеп, останаа без работа. Нивните договори, новоназначените директори не им ги продолжија и на нивно место донесоа кадри блиски до актуелната власт, како што велат, најчесто без положен стручен испит, наспроти нив, иако ги исполнуваат законските услови. Тоа беше повод, со поддршка на првите луѓе на СОНК денеска да одржат протестен собир пред прилепската општина, а обидот за средба или преговори со градоначалникот изостанаа поради негова презафатеност, беше речено.

– По една административна патека се исфрлени на улица деведесет или сто вработени кои што досега работеле на ниво на детска заштита и во основно и средно образование, а практично тоа значи дека некаде околу сто семејства сега претставуваат социјален случај и без можности за егзистенција на нивните семејства- рече претседателот на СОНК, Јаким Неделковски.

Прилепските жртви на партизацијата во образовниот систем, покрај институциите на правдата, побараа помош и од лидерката на Конференцијата на Европските синдикати Сузан Фолкен.

– Таа и денеска за овој протесет на даде поддршка и ни рече дека ако не се најде согласност помеѓу двете страни, локалната самоуправа со градоначалникот Илија и ние, таа ќе ги преземе сите мерки со кои може да ни помогне во овој случај- рече Татјана Камческа, во име на избрканите наставнички и воспитувачки.
Денеска пред прилепската општина, можеа да се чујат повеќе мачни приказни, како партиската машинерија си поигрува со човечките судбини, нешто за што сегашната власт се колнеше дека во нивно време нема да се повтори.

– Мислам дека сум еден од о0ние во поодминати години на кому му е нанесена неправда, на местото благајник во ОУ “Кочо Рацин“ и на 31. 12 добив отказно решение. После пет години и девет месеци на работа со прекин и ги исполнував сите законски услови да ми биде трансформирано работното место. Мислам дека има неправилни вработувања и дека нам не ни е исполнета законската обврска и да ги разграничиме партиските и непратиските вработувања- рече Љупчо Смилески, доскорешен благајник во ОУ “Кочо Рацин“ во Прилеп.

Иако новинарските екипи побараа објаснување за оваа состојба, претставниците на Општината рекоа да им се достават прашања и дека одговор ќе добиеме на писмено. Очигледно, тешко им оди составувањето одговор на незгодни прашања.

Алфа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top