| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за јазици не смее да профункционира бидејќи е донесен во недемократска и непроцедурална атмосфера

sobranieИмаме една тешка, антидржавна одлука на парламентарното мнозинство да влезе во авантура која ќе остави големи последици за Македонија како држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Алфа телевизија.

-Во моментов ги анализираме сите чекори кои СДСМ и ДУИ ги преземаа, правиме детална анализа на сите прекршувања на Деловникот, законите и Уставот и по таа детална анализа ќе излеземе со чекори кои веќе ги најавивме на прес-конференција дента кога сето ова се случуваше, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е разочарана, тоа беше тажен ден за демократијата во државата, бидејќи како што рече се вовела нова пракса на однесување на парламентарното мнозинство и терор на парламентарното мнозинство врз парламентарното малцинство.

-Овој закон нема и не смее да профункционира бидејќи е донесен во една недемократска и непроцедурална атмосфера, на насилен начин од страна на парламентарното мнозинство, Зоран Заев и Талат Џафери. ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото апелираше и нудеше решение како овој закон може да се подобри да стане уставен, а понатаму применлив. И дента претходно три пати најавив и го предвидев ова сценарио кое парламентарното мнозинство имаше намера понатаму да го спроведе. Се создава хаос во државата и логично е како реакција на таа акција на хаос да следи идентична хаотична реакција. ВМРО-ДПМНЕ ги анализира сите чекори и ќе одговори соодветно на овој тип на провокации во иднина, нагласи Мицкоски во вестите на Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top