Групацијата „Секјуриком“ ги оценува како неосновани обвинувањата дека влијаеле за некој тендер и дека злоупотребиле положба со што би стекнале противправна имотна корист.
„Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Она кое е важно да се напомене е дека сумата која се споменува во јавноста е за период од три години, и од неа биле исплаќани плати и придонеси за 500 лица кои работеле за потребите на службата“, соопшти „Секјуриком“ во допис до медиумите.
Во реакцијата наведува дека 18 години е лидер во своето работење и дека како компанија, која е странска инвестиција, директно влијае врз македонската економија вработувајќи повеќе од 1400 лица.
„Максимално сме посветени за своите клиенти, правни и физички лица, како и државни институции и постојано работиме на зголемување на услугите кои ги нудиме, овозможувајќи сигурност, безбедност и комфор кај секој од нив со нашето работење. „Секјуриком“ е компанија која работела и ќе работи по законите и ниту еднаш не ја злоупотребила својата позиција. Нашата работа е транспарентна и сите договори биле јавно достапни и секогаш сме биле отворени за комуникација за секое прашање и информација“, соопшти „Секјуриком“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


