Целта на Република Македонија е членство во НАТО и во Европската унија, ние сме вклучени во европскиот економски простор, но нам ни е неопходна и европска инфраструктура. За таа цел Македонија одлучи со поволни кинески кредити да гради важен дел од европскиот Коридор 8, порача претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на 6. Глобален Баку форум во Азербејџан, говорејќи на тема „Како да се разбере надворешната политика на Кина?“
Во тој контекст, македонскиот претседател истакна дека инфраструктурните проекти во рамки на „Еден пат, еден појас“ ќе им овозможат на државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа да бидат меѓусебно цврсто поврзани, со што ќе се зголеми компетитивноста на економиите од регионот за странски инвестиции.
Иванов додаде дека Македонија смета оти оваа иницијативата на Кина придонесува кон мирот, просперитетот, отвореноста, иновацијата и поврзувањето меѓу цивилизациите.
– Одлучивме со поволни кинески кредити од иницијативата „16+1“ да градиме еден дел од европскиот Коридор 8, кој го поврзува Јадранското море со Црното море. Ние сме дел од иницијативата и за брзата пруга од Будимпешта до Белград која треба низ Македонија да продолжи до пристаништето Пиреја. Исто така се залагаме и за обновување на проектот за поврзување на реките Вардар-Морава-Дунав со Егејското море, рече македонскиот претседател во своето обраќање.
Иницијативата „Еден пат, еден појас“ предвидува изградба на повеќе економски коридори што ќе покријат две третини од светската популација и една третина од БДП во светот.
– Иницијативата има за цел да развие нови пазари за кинеските производи, да го зголеми економскиот раст, да создаде работни места и да им овозможи на помалку развиените кинески региони да профитираат од инфраструктурниот развој и од зголемената трговија. Всушност, и целта и на стариот и на новиот пат на свилата е водење трговија, а не проектирање влијание, порача македонскиот претседател.
Покрај за иницијативата „Еден појас, еден пат“, преку која Кина се обидува да ги надмине економските предизвици, претседателот Иванов во говорот се осврна и на капиталните инвестиции на Кина во развојот на вештачката интелигенција.
На глобалниот форум во Баку учествуваат повеќе актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, како и голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори и претставници на Програмата за млади лидери.
Иванов, како то соопшти неговиот кабинет, претходно оствари билатерални средби со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, со претседателот на Молдавија, Игор Додон и со турскиот премиер, Билали Јилдирим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст