СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С. (44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Пријавениот, вработен како наставник во основно училиште „Пашко Васа“ во с. Копачиндол, на 26.01.2018 година за време на наставата, физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето.
За време на часот ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но од страна на наставникот не бил пуштен. По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата, нанесувајќи му телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст