| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници му дошле дома, му ги искршиле вратата и прозороците и физички го нападнале

Вчера околу 22:30 часот во куќата сопственост на Д.С. (37) на ул. „Радишани“ во Скопје, со возило „Опел Вектра“ дошле три лица, од кои едно е Д.Т. од Петровец. Тие со дрвени стапови ја оштетиле вратата и прозорците, по што влегле внатре и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

Потоа напаѓачите побегнале од местото, а Д.С. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Д.Т. бил приведен во Полициската станица Кисела Вода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top